нов (прид.) - река (имн.)

Ја подава раката и наидува на празно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, ова како да го слушна Сретен Јаворов, па му рече на Цветана Горски: - А сега почитуван Горски, што ќе стане со јагулите и нивниот пат, доколку проектот за изградба на хидроцентралите и насипите се оствари и доколку се подигне нивото на Езерото со упатување нова река во него?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше јасно дека храбриот биолог се доближуваше до другата слаба точка на Проектот: слевањето нова река во Езерото, чии последици, според категоричното тврдење на Цветан Горски, можеа да доведат, првин, до разнебитување на идентитетот и интегритетот на живите суштества во Езерото, а во еден подолг период и до самото негово исчезнување, колку и да беше тоа длабоко.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Затоа другари влевањето на нова река во Езерото ќе биде фатално!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од црквата се источува нова река луѓе, дотерани, расположени, излезени по молитвата да прошетаат на пријатната пролетна сончевина.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука, во призматичниот лустер беа виножитата, утрата и пладнињата, јасни како новите реки што бескрајно течат назад низ времето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)