нов (прид.) - револуција (имн.)

Воопшто: таа организација од нас е оценета како единствена совршена од сите што постојат досега, за годините на социјалистичката изградба на економските, културни и научни организации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Токму таа ќе набљудува како се спроведува европската љубезност кај работниците од услужните дејности - повторно, поттикнувајќи ги мрачните зборови насочени против новата револуција, против властите, што се изговараат во редовите на чекање, кои секако нема да исчезнат за првите десет дена, дури ни со западна администрација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Генерацијата на Мустафа Кемал, Али Фети Окјар и другите носители на новата револуција, сите околу четириесетгодишни мажи ја менуваа судбината не само на Империјата туку и на нејзиниот главен град Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во Комитетот, токму вака, кркаат лубеници и чекаат тој да ги поведе во нова револуција.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој добро знаеше дека револуцијата отсекогаш била утописки чин и дека на крајот се пресметувала со своите протагонисти, пред најавата на новата револуција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)