нов (прид.) - реалност (имн.)

Некогашната полиглосија на Балканот станува нова реалност со отворање на херметички затворените граници на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште не беше стивнал стравот од завршената војна, жртвите, логорите, депортациите, а веќе стануваше нова реалност стравот од војната против козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мојот сон, недосонуван како мојот осамен пат, нека води во нова реалност.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Мажите веќе беа напред, во новата реалност на пропржени нивички и искричав шприцер.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓутоа, се покажало дека новата реалност и објективното слабеење на британската моќ овозможувале сѐ помалку изгледи за остварување на некогашните или за создавање нови, донекаде урамнотежени позиции наспрема останатите големи партнери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)