нов (прид.) - податок (имн.)

- Лично тој се јавил преку радиото – објаснуваше таа. - Ни ја пцуел земјата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Винстон продебатира во себе дали да го одликува другарот Огилви со Орден за специјални заслуги: на крајот реши да не го одликува, затоа што тоа би ја наметнало потребата од внесување нови податоци во други документи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оној што му објавува војна на она што е „природно“ не е во позиција да ги оплакува неприродните „општествено прифатени стандарди за убавина“; ако телото е само РАМКА што чека да биде наполнета со нови податоци“, кој било сет е еднакво добар.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кои се тие нови податоци и кој ти ги даде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
При ретките доаѓања на наши блиски од другата страна на границата, во времето на привременото смирување меѓу двете земји, најстариот брат вешто го дополнуваше семејното стебло со нови податоци, впишуваше нови не­познати имиња, додаваше нови гранки, за нас непознати.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзиниот професионален феминизам и нејзиниот постхуманистички манифест меѓусебно се исклучуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кој друг би можел на таа страница да несе нови податоци освен тој и Летка? Ако немаат друга работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)