нов (прид.) - поглавје (имн.)

Новото поглавје требаше да се однесува на митот на балканското самоуништување, познат и како синдром на ликвидации од кој не беше ослободен ниту еден од балканските народи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во мојата глава се комбинираат нови поглавја од балканската сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Подоцна ми ја уфрлија Ема Ендековска и оттогаш започна ново поглавје во мојата професионална кариера.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа ми вели: Имаше само неколку месеци, кога за време на италијанско-грчката војна во 1940 г., дојдовте во нашата куќа во Корча.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дека започнува ново поглавје во нашите животи…, дека мора да најдеме сила…, спомените за еден прекрасен човек да ни помогнат да продолжиме понатаму…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Пишувам ново четиво. Ново поглавје , дел од него. Но не можам сосема сама..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Татко ми поттикнат од потрагата по одговорот на прашањето што го бараше Чанга – зошто ги убиваат козите, беше готов да напише ново поглавје за својата замислена книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можам сега само да ти навестам дека миговиве во кои сега живеам почнуваат да пишуваат сосема ново поглавје од мојот живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)