нов (прид.) - пат (имн.)

В црква и на гробишта, вели, нов пат ќе води, пругоре низ сокакот Дамчески и Џокоски, а сите кои живеат во Дупка и на јужните падини на Станкоски Рид в црква и на гробишта ќе одат по нов пат, сами што ќе си го разгазат - одовде, накосо, над училишната и општинската ограда.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Станкоските и сите други кои живеат во Дупка, ако не сакаат да заобиколуваат толку многу, ќе мораат да си разгазат нов пат - овдека, над училишниот и општинскиот ѕид и накосо по падините на цел Станкоски Рид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беспоштедно водам расправа за новите патишта и проколнетите мостови кои допрва требаше да се изградат.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Штом инженерот дојде, го разгледа теренот, каде што требаше да се направи нов пат, тоа не беше чудно.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Брзо ќе ми најдеш еден коњ, неколку селани и тргнувам да го видам местото каде што треба да се прави нов пат...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Тоа не може! - се лутеше командирот на турската полициска станица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Пеки, пеки, ефенди!51) - одговори командирот и плесна со рацете.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но сега и за нас Македонците настапија нови околности што ќе нѐ потресат и ќе ни кажат нови патишта по коишто ќе треба да одиме во иднина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Враќањето на Захаријадис чиниш ги окрили надежите на борците на отпорот и небаре зацрта нови патишта за партијата, за новите борби и надежи, зашто и за време на окупацијата неговите другари, комунистите и борците на отпорот, го опеаја големиот водач: То будруми ден тон лига И скепци ту февги горга Стус синдрофус пу полемун...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Совршена е болката кога после четириесет денови неподнослива агонија не ти останува ништо друго, освен со посигурен чекор да продолжиш кон новите патишта на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Совршена е мојата интимности ранливост, барам божествена инспирација за создавање силни емоции и бесмртност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Говорот, слободен од логичкиот тек, патува по новите патишта разграничен од другите говори.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Грозата станува убава” „Барањето на новите патишта”, напиша еднаш Тасо, „донесува повеќе кудења отколку пофалби.”
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таму во сликарството Понтормо, Росо и Бекафуми тргнаа по нови патишта, во Рим браќата Тадео и Фредериго Зукари, во Англија Николас Хилиард и Исак Оливер, а во Прага на дворот на Рудолф Втори - Џусепе Арчимболди, Бартоломаус Спрангер и браќата Јамницер, во Холандија Карел ван Мандер, во Франција Жан Кусин, во Германија Ханс Рихле - да наброиме само неколку од овие уметници- номади. Pontormo-Monsignor della casa (...) Се воспоставува секуларизиран хиерархиски поредок: дух (mente) има секој, талент (ingegno) поседуваат само малубројни, додека гениј (genio) имаат само неколкумина полубожества.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Средбата со целата традиција на ирегуларноста може да ни покаже нови патишта.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гласовите доаѓаа од горниот дел на Маказар, од правецот од каде што доаѓа реката од под планинските падини што ги сече новиот пат, спружен наместа на стариот Виа Игнација, а наместа крај него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Македонските борци и раководители на македонското националноослободително и револуционерно движење, биле принудени да бараат и изнаоѓаат нови патишта кои ке водат кон остварување на националната идеја за национална слобода, обединување и формирање на самостојна суверена и рамноправна државно правна единица во семејството на балканските држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
За остварување на таквата идеја, беше потребно да се формира единствено раководно тело, кое ке биде одговорно за сите делови на поделената Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Овие крвави походи по распаѓањето на Римското царство, отворија всушност нови патишта за трговијата кон исток.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Требаше да се бараат нови патишта, требаше некако да се преранат сите оние дечиња, што ги имаше народено Језекил со својата зорлива женица; но и светот чунким беше решил првин да го разурне добро сето она, што го имаше соѕидано Језекил во својот живот, и затоа сега веќе не ѕидаа ни оние, што беа сѐ уште вредни за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По стара навика, тој ни сега не одеше по разгазената врвица, сега тој цепеше во снегот нов пат, за себе. А после Дуко застана и зеде да се веднува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога го изгубив татко ми, јас не останав само без големиот родител, туку и без мојот голем читател, кој од читањата во затемнетата соба ми ги осветлуваше новите патишта на Балканот по кои не можеше повеќе да стигне во животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пролетта - Револуцијата како што ја наречува авторот, ги затекнува пасквелчаните воглавно неподготвени, ги изненадува како некое ново и непознато годишно доба и ги повелува по нови патишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Околината пред Тирана расте во голема индустриска зона и заедно со новите патишта кои водат кон градовите што лежат покрај морските брегови, Албанија ја живее својата сегашнина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Маргина 35 53 Овде, во тој сегмент на неформална контрола, национал-социјалистичката уметничка политика пронајде нови патишта и тргна по нив.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ниту еден извор одовде не истечува па сепак кренав наоколу ограда и ја затворив со врата Ги израмнив зад себе сите траги да не изгазат по нив птиците патеки за големи јата (О каков градител ќе бев ако не се зафатев со зборот) А можеби ова беспаќе што од светот јас го оградив ќе поттикне кај некого желба да открива нови патишта Сега седам скрснозе и знам оти сонот завршува наеднаш На преслапот некој друг ќе втаса и ќе мисли исто како јас оти ова напуштено лозје сал на него со години чека.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тие ги определуваа нашите нови патишта во животот, нашите професии.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На залезот од животот, кога опсесивно се трага по некакво помирување со нереализираните илузии, небаре задолжен од семејната судбина во егзил да ја допишам хрониката, оставена со пораките од Татковите книги, како можен тестамент за новите патишта на идните разгранувања на семејството, постојано ме обзема чувството за еден неисполнет долг кон Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)