нов (прид.) - офанзива (имн.)

Невооружените, во ова време, претставуваа голема пречка бидејќи вооружените партизани, кои беа потребни на друго место, мораа да останат со нив за да ги заштитат од можните бугарски напади“.162 При крајот на август, како што истакнува Ламби, се претпоставувало дека Бугарите подготвуваат нова офанзива против партизаните и поради тоа Апостолски решил да ја пресретне оваа нивна намера и да нападне прв.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Споменуваат нова офанзива на мофашите, креваат тивки узбуни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рим презел нова офанзива против Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)