нов (прид.) - начин (имн.)

Дотогаш ССМ, по онаа стара социјалистичка традиција на државно спонзориран синдикат, си имаше постојно членство – коешто по автоматизам се зачленуваше, но во споменатиов период се донесе одлука да се преиспита синдикалното членство – што е сосема в ред. 154
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како резултат на владините политики за нов начин на пресметка на платата во комбинација со алчните политики на работодавачот (на кои им се отвори можност, со разни манипулации, да не го исплаќаат надоместокот за исхрана) – на почетокот на 2009, платата на Ѓорѓиевски изнесува околу 9.500 МКД.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За време на одморот е воведен принципот на бруто- плата а, како што кажува Ѓорѓиевски, тоа е дополнителен удар по висината на неговите месечни примања.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Претпоставка е дека се погреши во политиката на воведување на новиот начин на зачленување бидејќи, кога луѓето ќе се прашаа поединечно „дали сакаш да бидеш член на синдикат?“ многу полесно велеа не, отколку да.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа е метафора на непо­знатото и потиснатото, но преземена како веќе рециклирана од популарниот имагинариум, односно во прв ред од филмовите од циклусот Ајкула (Јаws).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќето од она што стигнува во Велика Британија е од увоз: всушност многу од оваа дрога сега доаѓа од Источна Европа, каде бившите државно финансирани лаборатории сега мора да наоѓаат нови начини сами да заработуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Значењето, значи, веќе е кодификувано (но „неодлучувачки“) и тоа зборува за стравот од ерупцијата на несвесно (но во еден поинаков контекст), така за новиот контекст да го апсорбира значењето и да го организира на нов начин.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога ќе се направи почетната инвестиција во опрема, производството е евтино, иако таа почетна инвестиција може да биде ограничувачка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-(5) Индустријализираното производство создаде нови начини на рецепција, кои и понатаму ги менуваа начините на делување и патиштата на уметноста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во Македонија после долго време конечно е измислен еден нов начин на самоубиство, а тоа е самоубиство у тенџере.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нашата „современост“ почнува на нов начин да го гледа „минатото“. (...) Секој кој повеќе му се радува на континуитетот на човечката историја отколку на нејзиното драматично распаѓање, чувствува задоволство кога гледа како среде тнр. техничко столетие се кристализира нешто како модернистички традиционализам! (...)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потоа надоаѓа вториот урбан бран во кој медитеранските градови донесуваат еден нов начин на живот, додека старите градови најчесто опстојуваат и понатаму, низ античкиот период.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се прашувам дали би можеле да речеме дека вашата пишувачка работа се состои во тоа да воведувате нови начини на читање кои самите произведу­ваат смисла? 4Сигурно дека постои една нзгаслива жед за остварување на некое “заедништво”, но тоа истовремено мора да биде свесно за своите граници - и границите треба да му 40 Margina #11-12 [1994] | okno.mk бидат отвор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојано нови и нови жици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Посебно не некој филозофски систем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Што доаѓа потоа? 1970 година свирење на месечева соната на месечината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Стар декор кој не се користи како старудија, туку со барање да се оживее, но не како порано, туку, кутриот, на нов начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа и правеше огромни душевни и фзички напори да си изгради нов начин на живеење, да отвори пат за она волното во него, за она што беше тој самиот: - да се ослободи од напластените во него брачни обѕири, стеги, навики...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И не само тоа. Веле се осмелуваше понекогаш да му предлага на Аргира и нови начини во работата за побрзо и поубаво ѕидање.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Многу нешта од тоа што му го кажуваше старецот Бојан го знаеше, но пак слушаше, мило му беше и по стоти пат да го слуша деда си, зашто тој истите работи секогаш ги кажуваше на нов начин, како првпат да ги кажува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оваа предност на уметничкото доживување на нов начин истовремено е и нејзина најголема мана, бидејќи за разлика од генуината уметност, којашто допира речиси до секој човек, таа е резервирана само за оние кои мораат претходно да се доведат во иста состојба на променета свест и на нови естетски вреднувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓу причините за тоа што, на пример, новинарите така често без опипливи докази се нафрлаат токму врз популарната култура како на главна предизвикувачка на насилство, е најверојатно и фактот што вистинските причини и објаснувања за насилството и нетолеранцијата се многу покомплицирани и прикриени (големи општествени разлики, вонредна хетерогеност на популацијата...), додека телевизијата веќе заради својата широка популарност е мошне погодна за Margina #32-33 [1996] | okno.mk 103 улогата на жртвен јарец. Katz исто така тврди дека при тоа се работи за интересна реакција на централните медии на фактот што сѐ повеќе млади луѓе се служат со новите начини на комуникација, пред сѐ кабелската телевизија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако популарната култура во педесеттите години презриво ја споредуваа со “средновековно лудило”, таа сега станува нешто навистина опасно: конкуренција што ја слабее и ја загрозува политичката и економската моќ на водечките медии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа е нивната реакција толку силна и пресметана; имено, тие посегнаа по сигурното средство за мобилизирање на јавноста и проблемот на популарната култура го претставија како образовен проблем.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги гледаше сите нивни лица, сите четири лица на сите овие четворица познати луѓе, кои што сега, исто како небото пред малку, мораше да ги открива на еден сосема нов начин, во таа нова длабочина на небото над нив, додека почиваа и додека си уфкаа во своите прежилени раце, а и после, додека ги палеа своите цигари, собрани во една група пред него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Почнуваше да ги запознава луѓето на еден сосема нов начин.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некогашните вообичаени клетви беа заменети со нов начин на изразување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова беше новиот начин на изразување на вечно незадоволната Ружа на која сѐ ѝ недостасуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секој ден талкајќи баравме нови начини како да ја изгаснеме страста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали верував во некои нови начини?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ја наследував татковата судбина - станував и јас на нов начин победник во поразите, низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се враќав како губитник на земјата што ја претставував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ние во Франција, посебно сме привилегирани што ни се нудат на прочит неколкуте дела од овој автор во превод на уште едно дипломатско перо, францускиот амбасадор Патрик Крисман, гордоста на Ке дОрсе, со оглед на неговото владеење на дваесетина јазици, кој со своите суптилни и префинети нијанси, овозможи, на еден нов начин да се збогати традицијата на француските дипломати-писатели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Технологијата го привлекува вниманието на нов начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби има опасности во автоматското преведување, поради неможноста да се дофатат метафорите, но, наместо тоа, јазикот може да вообличува и да креира, користејќи го уличниот јазик на пример, за да означи нешто на нов начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Секако иднината на технологијата бара сосема нов начин на мислење.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Она што ме возбудува е да мислам на новите начини како ова да се прави, и нови места каде тоа да се прави, нови места во кои музиката може да се случува, и нови состојки што можат да се употребат, и така натаму.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Законот за исплата на платите и пензиите во Република Маке- донија, донесен во декември 1993 година, предвиде нови начини за пресметка и исплата на максимално дозволената нето плата која им се исплаќа на работниците кои засноваат работен однос кај правните лица кои се опфатени со овој закон (чл. 2, 3, 4, 5, 7, 8, 9 и 10).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Карактеристично е што новиот начин на пресметка предвиде и стапка на пораст на трошоците на живот и вклучување на процентни поени со кои се намалува стапката на пораст на трошоците за живот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За Марија беше интересно што нејзиниот малечок Карл многу брзо се прилагоди на новите лица и на новиот начин на живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татковата библиотека заживеа на еден нов начин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Враќајќи � се повторно на уметноста по седумнаесетгодишна пауза тој се сврти кон детската уметност 1942. токму во горе споменатиот контекст, и кон „art brut”, 1945. година, како што тој ја нарекуваше „работата создадена од луѓе недопрени од уметничката култура”, вклучувајќи ги тука и децата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Вистинската функција на уметноста” инсистираше тој, е „да ги измени старите ментални обрасци... создавајќи нов начин на мислење”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На еден нов начин се повторуваше историјата, метафоричната историја на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Убаво е ноќе да поприкажуваш со своите, иако се толку оддалечени; убаво е да слушнеш стара шега на нов начин.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Низ јазикот на фото-делата бевме во состојба да обезбедиме различни чувства, расположенија, повеќе боја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сѐ уште им велиме на младите уметници; ако сакате да кажете нешто ново, мора да пронајдете нов начин за соопштување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Уште колку ќе треба да страдаме пред да се пронајде нешто што ќе ја пополни празнината што ја оставаат смртните гревови на новото време, тие јалови идеали, новиот начин на живеење и новите размислувања за утописки свет, со праволиниски вредности.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
51 Со напредокот на технологијата, меѓународните режими за полициска контрола над границите сега можат да ги регулираат новите начини на употреба на ненаселени простори, како на пример Антарктикот, океаните, воздушниот простор и вселената.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Zygmunt Bauman, Globalization: The Human Consequences. (Cambridge, UK:Polity Press, 1998), 210.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ведран веќе не носи пелени, и парите заштедени од новиот начин на какање, подоцна ќе ги инвестираме во неговото школување.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Нивниот суштински проект не беше сликарски проект; Duchamp се обидуваше на традиционалните сликарски средства да им ги придружи оние најмалку очекуваните: користејќи ги, за создавање на своите форми, по ред, оловната жица, калајот, прашината, талкот, колачот од бадем и чоколадото во прав, како што Leonardo потполно сам пронајде нов начин да се излие бронзен коњ, но и експериментирајќи со ѕидното сликарство, почнувајќи од техниките кои веќе немаат никаква врска со фреско-сликарството, туку се потпираат на температа и енкаустиката.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)