нов (прид.) - народ (имн.)

И така, според „Мојсеј и монотеизмот“, не биле Евреите избрани од Бог, туку од Египќанецот Мојсеј: „Нив ги избрал да бидат неговиот нов народ“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Всушност, тие според брат ми во тоа време уште не биле народ, затоа што, пишуваше, биле сѐ уште само „семитски племиња“ населени во „гранична провинција“ и од нив, здружувајќи ги, Мојсеј ќе создаде народ, со цел да ја шири верата во едниот и единствен Бог – Атон, па со нив тргнал во потрага по светата земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојсеј, за кој брат ми претпоставуваше дека бил близок до фараонот Ихнатон, не можел да се одрече од својата посветеност на богот Атон, па сковал план “да се основа ново царство, да најде нов народ кому сакал религијата што Египет ја презрел да му ја подари за уважување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)