нов (прид.) - надеж (имн.)

Големите инсталации, скулптурите и витрините се дела на голем скулптор со вистински осет за материјалите и идеите коишто го надминуваат духовното, антрополошкото, и алхемичното, приближувајќи се до архитектуралното. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 89
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Треба да се потсетиме дека во тој момент американската култура и уметност беа доминантни; да се почувствува нов европски дух надвор од Турин или Дизелдорф беше огромно откритие и нешто што му даваше нова надеж на нашиот стар континент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс имаше визија, имаше иднина, и со својата енергија ѝ вдахна живот на европската култура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Инаку, синот се сонува само вертикално, како и секоја нова надеж.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Така минуваа деновите исполнети со нови радости и нови надежи. Бојана беше среќна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со восхит и нова надеж го напуштаме овој состанок, на кој овластените ѕвезди на нашиот PEN, тие мајстори на вдахновениот консензус, му покажаа на Енценсбергер дека Запад површински размислува, а дека Србите длабински си вообразуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Би требало да внимаваат што прават, вистината е на наша страна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Одеа така пред војниците тагувајќи за нова надеж.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од друга страна, читам дека нова надеж се отвора – ако ништо друго за Америка: една фирма успеја да најди нафта во Саудиска Арабија после многу неуспешни проби. Во близина на градот Дамам во персискиот залив.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Вечната клетва секогаш ќе те стигне Во секое време, низ животи многу Одлучи понизен да бидеш пред Свјатоме Богу И секогаш во предност пред другите ќе идеш Ќе бидеш признат, ќе бидеш свиден Ќе бидеш благословен и можеби некој иден Наш спасител, месија пратен Од народот свој по барање вратен Нови надежи да донесе во земјата ветена Неомеѓена, единствена, осветена! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Недоброј од сиромашни занаетчии, наемни работници, ситни трговци, иако мноштвото го надвисуваше елита од духовници, интелектуалци, индустријалци, лекари, голем број школувани луѓе со силен јудејски идентитет, но и со искуства и погледи што силовито го внесуваа францускиот запад и неговиот дел од европските врености.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш Солун ѝ мирисаше на мајски цутови и на нова надеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сакаше во својот замислен проект да ги поврзе заедничките обележја на народите во полуостровот во пресудните времиња на падовите на империите и раѓањето на новата надеж, кога веруваше дека на најлесен начин ќе се создаваат ментални мостови кои ќе водат од еден кон друг народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Брезничани, уште никој не осмелувајќи се да седне на зелениот пластичен стол, почнаа да очајуваат, па мораа секоја вечер да измислуваат нова надеж дека ќе им се врати Брчалото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги поднесуваше зашто Татко секогаш измислуваше, наложуваше нова надеж!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)