нов (прид.) - мисија (имн.)

Во тие исчекорувања и застои на неговата бирократска кариера, помина повеќе од половината на неговиот работен век и четврт век од бракот со Лила, кога започна војната и кога кабинетот на Првиот министер го именува на високо место во Комесаријатот за еврејски прашања, а потоа и за делегат на тој комесаријат, деташиран во новите предели на новата мисија во Скопје.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Татко понесен од овие идеи од своите книги за јазиците, влегуваше скептично во новата мисија, за разлика од Климент Камилски, кој веруваше дека опасните османизми, не само што ќе ги ослободат балканските јазици од непотребната агресивна конотација на некогашната Империја туку ќе отворат и простори да се откријат зборови и кованици за нови значења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сеќавам во федералното министерство за надворешни работи постоеше една постојана тркалезна маса на која стари дипломати пред тие што требаше да заминат во нови мисии речиси со татковска грижа настојуваа да им ги откријат сите тајни до детали на односната земја или на дипломатијата воопшто.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но новата мисија не беше полесна од претходната.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко новата мисија со Камилски ја замислуваше како еден вид победа над тишината на книгата, како откриен излез кон вистината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ве очекува нова мисија!“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сретнував постари дипломати од ваков сој, и на подготовките во ССИП во Белград, и во земјите во кои служев во Тунис, Франција, Португалија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)