нов (прид.) - медиум (имн.)

Еден од првите кои расправаа за Burroughs-овата книжевност во контекстот на новите медиуми, беше филмскиот критичар P.W. Jansen: „Burroughs -овите методи на пишување“, вели тој во Frankfurter Allgemeine Zeitung, 1971., „се техники­те на филмот - монтажа, претопување, редење на поединечни слики, промена на перспективата...“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така е и со денешните „мајстори“ (иронично анахроно) при користењето на новите медии. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 39
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во тренд се новите медиуми, новите технологии, новите и побрзи методи на пренос на информации, демократизација на технолошкиот раскош, диверсификација на пристапите кон дигиталните мрежи, стандардизација на форматот на податоците, умножување на умрежените односи - во тренд е тие предности да го помагаат спроведувањето на новата ера обележана со поголема приватна слобода, зголемена интерперсонална комуникација, ублажен товар да се репрезентира, нови перспективи за проблемот на телото, како и поголем избор за потрошувачкото општество, можности за слободно изразување без исклучоци, а над сè, тие ни овозможуваат брзина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Alexander Galloway ФОНТОВИ И ФРАЗИРАЊЕ
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бароуз измисли постлитерарен јазик, нов медиум во кој зборовите станаа облаци или слоеви или кластери на значење, немилосрдно расфрлани по читателот како експлозивна живописно обоена џунгла од неонски знаци од некој дел на Токио.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Вулкански 130 okno.mk Вилем Флусер Повторно се навраќаме на култниот теоретичар на новите медиуми, кој почина 1992 Илустрација: Julien Pacaud Маргина 35 131 Вилем Флусер ДИГИТАЛЕН ИЗГЛЕД Нашиот сознајно-теориски проблем, а со тоа и нашиот егзистенцијален проблем е во тоа што мораме сè, вклучувајќи нè тука и самите нас, да (го) разбереме како дигитален привид.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И корпорациите исто така навлегуваат во јавната сфера, што сето заедно доведува до трансформирање на поединците од граѓани и рационални полемичари на политичките/општествениоте/културните настани во пасивни набљудувачи на политичкиот и медиумскиот спектакл, од културни производители во културни потрошувачи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Можеби тоа има врска со фактот дека Хабермасовиот модел на јавната сфера е историски базиран врз моделот на печатените медиуми, коишто „поттикнуваа стилови на аргументација кои се одликуваа со линеарна рационалност, објективност, и консензус“107.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Појавата на (во тоа време) новите медиуми (т.е. радиото и телевизијата), рекламирањето, односите со јавноста и корпоративната контрола врз културата, Хабермас ги гледа како начин приватните корпорации да добијат дотогаш невидена моќ во јавната сфера, со тоа практично истиснувајќи ги рационалните граѓани но и политичките партии како главни актери во политиката.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тој не успева да го согледа ослободителниот потенцијал на новите медиуми како нови сфери на јавна расправа, како и начините на кои тие не само што придонесуваат за доминација, туку и може да послужат како инструменти на граѓанското учество во јавниот живот и начини на предизвикување општествени промени.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Излегува дека инсталирањето на нов медиум дома, предизвикува работна ситуација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)