нов (прид.) - куќа (имн.)

Во следните петнаесетина години, во новата куќа им се изродија четири деца...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нашата нова куќа многу му одгова­раше на татковиот одисејски дух.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во долапите на новата куќа чуваше семожни книги, свети и научни, со арапско, латинско и кирилско писмо.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подоцна направив нова куќа, можев да поканам еснаф, бегови и паши.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа ѝ ја пушти раката, но остана да стои таму со очите залепени за неа, сè додека таа не се изгуби зад новата куќа, зад двата слободни плаца подолу.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Доста е изменето... Изградени се нови куќи, старите реновирани, доградувани...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тука ќе свртите десно, потоа лево и право до една нова куќа и од таму право, право и натаму нема куќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По долго и длабоко молчење, со болно раскината воздишка тој рече: - Ги однеле со воени камиони... - Кој? - Тие, кои си граделе нови куќи...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Убави се нивните куќи. Во темелите и ѕидовите на нивните нови куќи се вградени камењата од нашите куќи, од нашите цркви, од надгробните плочи на нашите претци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кружиме возејќи по асфалтираните улици, восхитени гледаме на новите куќи и дворовите со мноштво расцутено цвеќе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ајде да ја честиме новата куќа, - рече таа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Летото кога се појави глувчето во малата одаја на новата куќа, беше тешка горештина и страшна суша.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И сега тоа старче си имаше и нова куќа, како и сите други бригадири, како сите братучеди и чичковци на Претседателот, а во секоја соба и тоа имаше по еден персиски килим, по еден од оние, што ги ткаеја девојките од нивното село во текстилната бригада на Задругата, никаде непрокнижен, напросто земен и однесен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да му запалам свеќа да позборувам со новата куќа негова. Да го потажам. 63
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во меѓувреме, додека попот одел од куќа до куќа и со зборови од неколку јазици им ги раскажувал големите чудесии од кои крвта се замрзнувала в жили, се прочуло дека Фиданка Кукникова сака да се омажи за крестокосиот Доце Срменков и дека ќе стане мајка на неговите деца, едното веќе со воздишки по нејзината убавина, доколку тој пристане да го земе во новата куќа и свекор ѝ, земјолик човек што се хранел еднаш дневно со печен компир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но ако ја земеш невестата во нова куќа, ќе го земеш и свекор ѝ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ангел-џин, сенката негова покривала половина море со главурдести риби во чие грло можело да легне манастирско кубе!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слушај - новата куќа што ќе ја ѕидам дниве ќе има и горни одаи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А јас можам да подарам опинци. Не сум со празно ќесе. - Опинци имам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кога ќе се збрчкаш, и свекор ти ќе бега од тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко кој владееше со тимонот и го имаше небаре вградениот компас на преселбите кој непрестајно осцилираше помеѓу Запад и Исток, кога пристигнавме крај реката и кога запревме крај нашата нова куќа со добро заклучена брава замина загрижен кон емигрантскиот центар во градот по клучот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го прашувам, што ќе ти се, му велам, камењава, да не градиш нова куќа, ајрлија!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но Оруш не сакаше да чуе. Дури започна да гради и нова куќа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А како за инает, новата куќа што ја куќа се погоди калкан за калкан со Анѓината, та секој ден ја гледаше Анѓа на портата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка Ервехе, исто така, започна да си го загнездува семејството во новата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше среќна, а го толкуваше како добар знак тоа што, со еден од клучевите од врската клучеви од напуштените куќи крај Езерото и крај морето, ја отвори бравата на новата куќа, кога Татко беше отиден да го бара вистинскиот клуч.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XXXI Во големиот град требаше да си го запалиме новото огниште на егзилот, да ни биде пријател, заштитник во нашата нова куќа крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XXXII И Мајка Ервехе си ја распосла судбината во новата куќа крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но се случи, и таа тука го мешаше провидението, еден од нејзините клучеви на прастара куќа, можеби урната, да отвори врата на нова куќа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Затоа личи, вреди и треба да се најде во вашата нова куќа во новата татковина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, балистите ја грабнале и рекле: Ова мора да е партизанка, а Србинката ги избуткала надвор и им се врекнала: Немој да ми го чепкате детето!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имаа нова куќа, но прозорците, вратите и ѕидовите беа испокршени и целите оштетени. Тука останавме неколку дена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А во новата куќа уште еден да се врне во вашата фамилија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Има право. Не една одајка, туку стан во нова куќа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дедото Петко, зборувајќи за селото, пренесувајќи поздрави од едни или други, од блиски или далечни, донесе и една приказна за тоа како купил место за нова куќа, го платил местото, а останал и без место и без пари.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа нова кујќа е една долга барака во која се чувала стока: во еден дел свињи, во друг краби, а имало и дел за коњи кои служеле за орање и влечење запреги.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)