нов (прид.) - костум (имн.)

БОРИС: Затоа имаш нов костум и светнати чевли. СОЊА: И седативи во чантата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Кошер ли е виното, Моше?“ - го прашуваше мајка ѝ, поставувајќи го садот со слаткото пред него, а тој насмевнато потврдуваше со глава и ги вадеше новите костуми што деновите пред празникот ги шиеше за момчињата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Купи нова, поубава работна облека, секој ден по работата се тушираше, неиспеглана кошула не облекуваше, навечер излегуваше со вратоврската што му ја избра Германија и се готвеше да си купи нов костум за идната есен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И пикнат во нов костум.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потоа тие двајцата се доближуваат до синот младоженец и земајќи го под рака, заедно со него чекорат водејќи го под свадбената хупа, поставена на отворно, под ѕведеното небо, сè според обичајот и го оставаат таму да ја чека својата избраничка под белиот балдахин, како што некогаш, на почетокот на времето и на Адам му било наложено да ја чека Ева под балдахинот во рајската градина кога Бог ќе му ја донесе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Претходно ѝ порача на Рада да му го донесе новиот костум кој специјално го шиеше за оваа пригода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бенвениста погледнува во мажот, поминува со дланката по ракавот на новиот костум и му проговорува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Облечени во нови костуми, со убави вратоврски, бели кошули со позлатени копчиња на ракавите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)