нов (прид.) - констелација (имн.)

Дали во интересот за неприкажливото гледате модерно поставување на прашање што настанува врз темелот на новата констелација од проблеми, или барањето на неприкажливото отсекогаш било присутно во историјата на филозофијата?  Можеби сте забележале дека систематски никогаш или само случајно ги употребувам периодизациите како класично, модерно или постмодерно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Го споменавме вокменот како gadget, развиен од Sony 1980. година и кој во технолошка смисла значи попрво деволуција отколку револуција; направата е неверојатно едноставна, бидејќи нема ниту звучник ниту приемник за програма, но земајќи го предвид текстот на Shukei Hosokava Дејството на вокменот (1984), вокменот парадигматично нè усмерува кон нова констелација на сингуларното, автономното, номадското и мобилното јас и кон неговата сраснатост со виртуелните машини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)