нов (прид.) - империја (имн.)

Велат, жешкото сонце ги подбуцнуваше суетните мечтаења на источните властодршци за непрегледаната моќ на новата Империја, потпрена со нивните гигантски статуи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не можеше, според татковите замисли и претпоставки, следејќи го верно текот на империите, да мине долго време а Балканот да не се најде под нова империја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И тогаш според неговата логика, требаше најмногу да се внимава во вителот на неизбежните војни, во создавањето на новата империја, во револуционерните вознеси на новите генерации во подем, кои на крајот се соочуваа со енигмата на владеењето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И покрај големиот отпор на поробените народи, Татко по кусовечната империја на фашизмот насетуваше дека сигурно ќе надвладее нова империја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мачно е, сине, да се предвиди, која нова империја ќе надвладее на Балканот. И по која цена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)