нов (прид.) - извор (имн.)

Вода треба да има, вода треба да има достатно. Тоа го бараат културните потреби и брзиот стопански развој. Тогаш од каде нови извори на слатка вода?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се плашеше, според Игоровото претскажување, овде сталинизмот првин да не го прекине патот на јагулите, во потрага по нови извори на енергија и светлини за новиот човек.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во нив почиваше уште многу незбиднато време, нови извори на илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бидејќи го испив целиот џус и ја изгрицкав бананата, решавам да ја напуштам куќата во потрага по нови извори.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Додека ова го слушаше, Цветан Горски, живо си спомнуваше на маките на Игора Лозински и неговата генерација, кога во истиот период, во потрага по новите извори на енергија, го градеа Беломорскиот канал.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, сепак, втората инјекција му донесе нови извори енергија која продолжи да ја вложува во работата врз сиџилите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Продолжувам да пишувам работи како: “ова не е важно”, и посебно моето омилено, “зошто, зошто, зошто”. 9.00 Продолжувам да мислам дека се спуштам, но само за следниот момент повторно да се најдам исфрлен во нова снажна халуцинација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се тики ќе изнајдеа некој нов извор на приходи за кој, по правило, султанските надзорници дури отпосле дознаа, а кога тие ќе дознаеја - веќе беше доцна; Акиноските го напуштаа него и смислуваа друг.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)