нов (прид.) - играчка (имн.)

„Мамаа!“, ја пречека малиот сиот озарен, и веднаш фати да копа по торбите, барајќи нешто за себе, можеби нова играчка, или барем сокче.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Момченцето е добро. Со новата играчка го заборави памучниот кловн. Збогум. Не грижи се.“ Потпис -„Марија“ (број 1).
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како со секоја нова играчка, така и со оваа ми помина ќеифот за играње.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе ти дадам нови играчки и ќе испорачам нови благослови до оние што ќе ги добијат.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Една типична реклама покажува семејство во дневна соба додека мудро „расправа“ околу некоја нова играчка неопходна за животот да ви се претвори во рај.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)