нов (прид.) - залет (имн.)

Не рече ништо, настана мала тишина, а потоа Камилски, небаре со нов залет на мислата, со повисок тон продолжи: Никогаш, мој пријателе, нема да ги заборавам времињата кога со нашата бригада доброволци во Шпанија се боревме со мерценарите мерценерите кои беа во служба на фашистот Франко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нив тој ниеднаш не успеваше да ги најде и да ги погледне отворено; кога ќе ги побараше, застанат за да здивне, тие просто како да се стркалуваа, притискајќи се зад стеблата, за да наизлезат оттаму уште веднаш, штом ќе заминеше во новиот залет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)