нов (прид.) - жена (имн.)

Дали е ова точно, или таа, новата жена на татко ѝ не ги сакала да седат таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа се потсетував како прв пат го видов татко ѝ на Марина со оваа нова жена и како бев тогаш убедена дека татко ми нема да биде никогаш таков… да стори нешто такво.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Замисли како би ти било тешко таа, новата жена да ти рече да ја извадиш сликата на мама, како нешто непотребно, нешто што пречи, или да посака да ја уништиш таа слика, а и јас тоа да го слушнам, да го знам...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во желбата што ја дупна со средниот прст од левата рака, откако ја праша дали има врска кој прст ќе го употреби, таа виде нова жена, нова љубов во неговиот живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Ќе си го искрка оној Ѓеле од татко ми“, рече едното од двете деца на Марко Проказник: вдоецот со нова жена од ништо не се плаши, ископал тој од под прагот на својата куќа револвер со седум куршума, од војната му е, ќе пука доколку некој ќе крене рака на него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Душемето крцкаше под нејзините стапала, и кога Амдие, Разие и Селвие, трите нови жени на ибн Бајко, ќе го чуеја тој крцкот, само се тргаа во околните соби.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со новата жена, што ја доведе дома, се познаваше од неодамна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Можеби има нова жена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не помина многу време до денот кога Хелвиг накусо им кажа на своите родители за новата жена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А вториот веќе и не допрашуваше ами повторуваше Дека сето тоа се само бабини деветини И дека со нова жена нови ќеифови се тераат Особено ако е како оваа еве што оди пред нас И подвртува со газето како пропелерче Во некоја берберница среде тукашните или мексиканските жеги
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
ТРЕТАТА ЖЕНА: А јас кога ќе се сетам, веднаш по разводот на мама и тате, ми беше интересно да заминам кај новата жена на тато, таа беше монденка, тенка и заводлива и сѐ ми ветуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)