нов (прид.) - енергија (имн.)

Додека Татко, со книгите, остана дури до мугри, Мајка, со нова енергија, работеше низ куќата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И тогаш, со една непредвидлива, нова енергија, продолжуваше да ме насочува како и каде да трагам по нивната вистина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И до нас, децата, допираше новата енергија од Татковите оживеани книги...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Валоризација на интимни, мирни и спокојни секојдневија, откривање на големата слика на животот, мир, спокој, бои, мириси, светлина и нова енергија, сосема поинаков свет на убавина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тагата и болката не можеме да ги премостиме тие си најдоа вечност во нашите души.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Константин З заработуваше добро, воедно бележејќи и солиден раст по стрмната хиерархија на мемлосаната, веќе пристарена администрација во неговото министерство, навивајќи со сета сила за оние министри- президенти што на најистакнатото место во владиниот кабинет се менуваа, понекогаш со вртоглаво темпо, и коишто во помладите како него гледаа нова енергија погодна за какво-такво освежување во стариот бирократски поредок на државата воопшто и посебно на неговото министерство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ќе се намали енергетската сила на земјата, водата е таа што се насочува кон “небото”, по нова енергија од етерот, со испарување, за да се врати набргу назад со дождот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во нив вшприца нова енергија, и ги лекува сите кои беа фатени во стапицата: на лошите навики и нервозата од минатото, па зема да ги менува вадејќи ги од болест и очај!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Како да сакаше да ги втаса морињата, со мислите, на патот преку реката, до бреговите на Америка, со надежта во враќањето преку потомците, пред да им го запрат патот градителите на новиот прогрес, производителите на новата енергија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)