нов (прид.) - дом (имн.)

Но овие урнатини од поголемото семејство, пренесени со оној чун на другиот брег, требаше да најдат нов дом, прија­тели, наместо мигум изгубените роднини, блиски.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одиш од куќа до куќа, посредуваш со убав збор; премолчуваш што треба да се премолчи, а кажуваш и нешто повеќе таму кајшто има место да се каже и кога работата е готова, среќна си како ѕидарот пред новоизградена куќа, зашто и ти нов дом си створила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Прашајте ги вашите добри мајки, речиси сите барем по еднаш ја посетиле Силвија, најдобрата casamentera5 ен Дорќол.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но и покрај тоа што зградата е обвиткана со глази­ рана теракота, ќе се држам до мојата прва импресија за новиот дом на Енди Ворхол: таа сепак личи на нешто понакитен роднина на зградата од која, според официјал­ ните записи беше убиен претседателот Кенеди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Досега има можеби неколку домови претворени во музеи на сликари од деветнаесеттиот век - помислувам на црквата Фредерик и Августус Св.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вистина, објектот Фрик и Линдсеј, што се наоѓа близу до центарот на Питсбург, има многу подекоративна фасада од еден обичен склад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Благодарен му бев на Универзитетот што ми даде удобно работно место, постојано интелектуално и културно возбудлива средина и нов дом.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секако дека нејзе сето тоа и било мачно, но, не сакала да се откаже од својата замисла и решеност - нејзиниот сакан човек да заснове свој нов дом во кој ќе има и деца.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Влези си во нов дом.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Добрите луѓе им дозволиле таму, меѓу редовите на лозниците, да изградат соба од ќерпич, внатре ја послале со слама и, на четири кола врзани со сиџим и рогозина, навечер долго се гледале во очи, додека месечината го осветлувала нивниот нов дом.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веселбата во новиот дом на Рада продолжи до утрото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вгнездувајќи ѝ се во новиот дом, таа секојдневно градеше тивка стратегија, како Рада да се истисне од домот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Главниот чин требаше да се случи утредента во идниот нов дом на Рада во Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден ден, додека Томо и Рада ги шетаа околните ридови впивајќи ја природата, пред вратата на новиот дом меѓу раздвоените штици, Ружа забележа писмо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
– Нема да се скине од плачење затоа што си оди од дуќанот. – Но во новиот дом, во далечната, непозната земја, нема да биде вака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаеше дека токму од тоа го доби срцебиењето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Свекрвата ја прашува невестата првиот ден во новиот дом, по долго молчење најпосле и таа да каже голем лаф. Таа мислела, мислела и на крајот извикала: Крава!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
50. ЛЕВЕНТ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стариците се шуткаат преку ден по гробиштата, доаѓа есен, ќе им треба нов дом, а децата бавно растат - чорбичката им е на посна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Може го изгази кола, а можеби му здосади друштвото на двете братчиња и тргна во потрага по нови авантури и нов дом.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А тој, Стале, е одреден од самиот свети Илија да му биде „слуга" дури е жив во новиот дом.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка, пред зачудениот Татко, ја отвори затворената врата на новиот дом со еден од клучевите од врската со клучеви, на една од дамна напуштените, заборавени куќи крај морето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Стигнавме во новиот дом, крај големата река, следени од светлината на верната ѕвезда.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Стариот ковчег, во распеани бои, со цвеќенца, со иницијали, паѓаше в очи зашто стоеше како камен – темелник на нов дом кој почнуваше да се ѕида.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Посебно, кога во последното писмо во кое го поставувате прашањето за душата, коешто јас некогаш им го поставував на моите родители за нејзиното постоење (во романот Атеистички музеј), се сеќавам на фрагментот што ми го испративте, препишан во младоста од книгата на германскиот филозоф од еврејско потекло Макс Пикар, Светот на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И такво какво што го опишувате самото езеро што еден од вашите браќа го слика на ѕидот во вашиот нов дом крај реката Вардар во Скопје, се чини дека е обид да се оживее душата на езерото во новата татковина; и во истовреме, според нивните сугестии и коментари, се чувствува дека сите кои учествуваат во создавањето на новата фреска на ѕидот сакаат да ја видат во ова езеро татковината на нивната душа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Значи, ова постоење на душата, би било недоволно да се рече дека вие имате потреба да верувате во неа зашто тоа што го изразувате во вашите текстови е повеќе од верување, тоа е повеќе убедување, произлезено од едно искуство, толку многу ви е близок дијалогот со еден духовен принцип кој преживува по принудното напуштање на една татковина, како и на еден духовен прекин со сушествата и предметите околу кои е конструиран вашиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Попладнето, околу три часот, требаше да тргнам на пат кон мојот нов дом.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)