нов (прид.) - димензија (имн.)

Тоа е имено нова димензија, нова перспектива измислена од Ботеро, не е едноставно проширување на нашиот вообичаен поглед врз нештата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Штом го стори ова откритие, тој можеше лесно да се зафати со живописот на минатото и, така да се рече, да го преосмисли неговиот историјат во проекција на оваа нова димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На водите на Рајна, каде што се појавуваше „Баер“, секој посетител остануваше фасциниран од новите димензии на мебелот, почнуваќи од фотелјите и другите елементи на спалните, дневните, кујните па до сите други форми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постои таму некаде далеку како драг небесен цвет, опоен мирис на гардении и лотус, нејзините нежности се мевлем за животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Аглите на просторот кој го изгради само за себе нека добијат нова димензија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја менува судбината, го носи животот во нова димензија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Низ дијалог, терапевтот и Џон заедно ја идентификуваа „способноста за шегување на сопствена сметка“ како нова димензија во личниот развој на Џон која би му отворила нови хоризонти, недостапни за татко му.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во атомите на генот, кои ме поврзуваа со Татко, чувствував како во нова димензија на времето се надоврзувам во скадарскиот пекол на некогашното рајско патување на Татко во Цариград и како во сон трчам во место, запирам на последната етапа од враќањето од егзил во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Каков е тој човек? Некоја нова димензија, ново суштество.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова може да да биде сторено бидејќи на овој автор му успеа по­силно и потрајно отколку било кој друг за мене познат балкански автор, на зборот и на поимот балканско да му даде нова димензија во свеста на другите европски народи и култури...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)