нов (прид.) - грешка (имн.)

И така грешката се оплодуваше во нови грешки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На работ од хоризонтот - безимение... Повторувањето на новите грешки прослава на глупоста.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Но, охрабрен од победата над фашизмот, ќе продолжи да твори нови грешки...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Макар што чувствуваше дека се оддалечуваа од темата на јагулите и нивниот пат, Татко со зголемен интерес го следеше текот на оваа Игорова мисла: - И така, мили мои, на грешките на Ленин, со нови грешки се надоврза Сталин.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)