нов (прид.) - гранка (имн.)

На пример, кога една комерцијална организација отвора нова гранка во некој друг град, таа праќа таму свои луѓе за да го одржат континуитетот, во однос на неформалните како и на формалните правила и рутини, кои на тој начин се реплицираат и организацијата го “раѓа” својот потомок. (...) Така, во согласност со двете линии на моето излагање - само-организацијата на експресивните знаци и еволуцијата на институциите преку рутини и репликација на правилата, може да се изведе заклучокот дека нашите домови им се слични на териториите на птиците - многу повеќе отколку во метафорична смисла. (...) Она што може да се заклучи на крајот, е дека еден ист процес (или поточно различни процеси во кои е вградена иста апстрактна машина) е тој што резултира во ентитети толку различни како што се човечките хиерархии, телата на животинските видови, дури и карпите - сите тие се структури во кои се обединети хомогени елементи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но дури ни оваа нова гранка на когнитивните науки не отиде многу далеку.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Некои од мелодиите имаат единствена, продорно пискотлива, крајно убрзана фраза, често семплирана од друга плоча - може да биде на пример: „I'm not in love“, или „born to be wild“ или „ tear that fucker up“ или „ ecstasy love“ која што кружно се повторува заради должината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подоцна ќе дознаам дека ова е нова гранка што ја нарекуваат Happy Hardcore, што е дизајнирана специјално за да ги омекне нештата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Влажен клик на усните и остро провирање на плодот од едно постоење ново Гранките се пореваат скршени во своите сенки округли раце од месечина и рамена од облаци.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
При ретките доаѓања на наши блиски од другата страна на границата, во времето на привременото смирување меѓу двете земји, најстариот брат вешто го дополнуваше семејното стебло со нови податоци, впишуваше нови не­познати имиња, додаваше нови гранки, за нас непознати.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)