нов (прид.) - брчка (имн.)

Се прашав: од кога тоа шесте спрема нула се есапат за старост, се прашав со какво лепило се лепат годините пред да се прогласат за старост се прашав кога, всушност, започнува вистинското тонење во длабочините на новите брчки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Таа не сакаше да ни ја каже причината за нејзиното предвремено враќање, но тоа можеше да се про­чита во новите брчки кои проигруваа на нејзиното лице.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На лицата до наредното утро ќе ни се појават нови брчки, сведоци на нашето време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)