нов (прид.) - бразда (имн.)

Широкото чело му се собираше па се отпушташе низ новите бразди на обликот на мислите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вездетн с’нцето ни беше зад нас или останваше од левата страна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И така се стори нова бразда.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Помогни, сестро, - фати јаска да моља - помогни ми п’т да најда за дома, дома да си ода, жити стопано, жити дечките, како Богородица те моња, помогни...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но, за да се скроти неговата страотна дивост морало да постои поголема сила и од него што ќе го натера во јарем и ќе се движи по новата бразда.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И една ношја ојду јаска по трапо, по трапо и о, ниедно време, како некоја в’лчица, по мрако, втаса о ридо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)