нов (прид.) - библиотека (имн.)

Поширокиот избор на расказите (вкупно триесетина) за градот Скопје (кој всушност требаше да биде книга!) го направи госпоѓата Лидија Капушевска-Дракулевска.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во истиот час од денот, десет века подоцна, библиотекарот Филип Филиповски влегува, сосем излекуван, во новата библиотека на Филозофскиот факултет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Татко, со денови, заедно со Мајка, со сите нас, децата, раководеше со сместувањето на книгите во новата библиотека, како да беа живи суште­ства на кои им беше потребно смирување по долгиот и неизвесен балкански пат до ова место на спасот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се чувствува весело, но како да му е отстранет еден дел од сеќавањето: ги гледа редум новите книги, ги пребројува, но сепак, речиси е убеден дека нешто му недостига...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И кога татко ми во Скопје, во куќата крај Вардар, ја формира својата нова библиотека, во семејството беше воспоставена нужната рамнотежа за да се истрае, за да бидеме малку среќни, татко ми беше како алхемичар на своите книги, го бараше од нив невозможното, како што сакаа алхемичарите да ја најдат формулата на производство на злато од песок.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)