нов (прид.) - базен (имн.)

Така во следната слика го наоѓаме Константин З. како плива по новиот базен на штипската бања Кежовица, борејќи се со обновеното чувство на покајување што дошол во оваа паланка и во оваа бања, обидувајќи се да го избегне подгледнувањето кон дното на новиот базен, на кое се наоѓаат големи правоаголни мермерни плочи издлабени со стотици аглести знаци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога се исилува пред решителната акција одново да оди таму, командантот на местото му зборува како се надева дека наскоро лично ќе го покани во новиот базен на локалната бања во која термалните води имаат потврдена лековитост, срдечно го тупка по рамото и се смее со полните заруменети образи што откриваат страстен пијач, додавајќи дека, дури тоа нему и да не му е потребно, особено со оглед на претстојната работа, добро ќе му дојде малку релаксација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)