нов (прид.) - аргумент (имн.)

Додека го слушаше директорот како изнесува нови аргументи во прилог на можното откритие, Татко веднаш, со мислите, се пренесе кај Мајка, во ноќта по балканскиот покер, кога, пред сон, ѝ ги истури сите маки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, колку и да ја отклонуваше својата мисла од Игоровата, кога говореше за Беломорскиот канал, со нетрпение ги очекуваше новите аргументи за апсурдната градба на Сталиновата водена пирамида, свесен дека тоа ќе му послужи за да ѝ избега на историјата, кога сталинизмот на Балканот се вестеше од сите страни и го бараше патот кон новите жртви.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Истото е и со В. Бароуз, иако тој додава и некои нови аргументи кога вели дека својот роман Гол Ручек (Naked Lunch) го напишал на свесно ниво, отворен со канабисот, што го пушел за време на пишувањето, и дека многу сцени во оваа книга потекнуваат директно од употребата на оваа дрога (W. Burroughs, 1961).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нè очекуваше Мајка токму со ова прашање да го оттргне од неговата внесеност во барањето нови аргументи со кои ќе ја подготви Мајка за големата одлука. – Не, не знам!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, Татко секогаш бараше нови аргументи како да го оправда наредниот бег.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Фотографиите, дефинирав подоцна кога ги стекнав првите философски поими, се израз на парадоксите и, уште повеќе, на апориите што постоеле отсекогаш и постојат и денес, добивајќи нови пројави, така што чудата на техниката од современиот живот му ги придодава како нови аргументи на тврдокорно истрајниот, непроменлив феномен на битието.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ех, да знаеше кутриот Х.Х. каде ми одеа мислите, да изустев само дел од нив, по којзнае кој пат, бездруго ќе измислеше изговор, за да запре пред првата бандера, ќе го активираше телефонот на навивање, директно поврзан со Централата, ќе имаше што да јави, ќе понудеше нови аргументи за мојата непоправливост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)