нов (прид.) - амбасадор (имн.)

Го сметаа за еден од елитните политичари на југословенскиот режим, со дипломатски мисии во САД, во Индонезија и Германија, како амбасадор, но и како една од врвните личности во дипломатското разузнавање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чинеше дека ја губи луцидноста поради чие отсуство не можевме со месеци новите амбасадори да ги предадеме акредитивните писма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Очигледно јас немав намера да го менувам обичајот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот остана верен на своето: Ние не сме богата земја, постојано да именуваме нови амбасадори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обично кога заминуваат владетелите, продолжува извесен период да живее нивниот мит, најмногу потхрануван од најверните соработници на владетелот, од инерцијата на претходното владеење На крајот историјата останува последниот арбитар во бездната на меморијата се извишуваат или исчезнуваат засекогаш некогаш моќните гласови Одбраната дружина нови амбасадори во светот, по едногодишните подготовки во Белград, како да беше дел од инерцијата на обезглавената власт по исчезнувањето на маршалот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавам на првите средби со него на вечната тркалезна маса со новите амбасадори во федералното министерство за надворешни работи, каде најчесто настапуваше со геостратегиски надворешно-политички анализи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)