никаков (прид.) - желба (имн.)

Не чувстувам никаков живот во нив, немам никаква желба да ги разбудам а сепак ги држам и ги префаќам како да чекам да покажат некаков знак на живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ми се чинеше дека сум болна. Така се чувствував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Надвор уште се слушаа гласови на децата што играат во „Плавата уличка”, но немав никаква желба да им се придружам. Поточно, немав сила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не почувствува никаква желба да ја лаже.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само што не ќе мораше да го рине снегот да ги чисти патеките, за што веќе немаше никаква желба. Сепак, мораше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И покрај она што во тоа време го велеа некои завидливи души, не барав слава и немав никаква желба да привлекувам внимание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)