ниеден (прид.) - песна (имн.)

Имаше во тој нејзин гест, во таа забрана да читам љубовни песни, нејзе посветени (а сепак анонимни, оти во ниедна песна што ѝ ја испратив јас не ѝ го споменував името, и таа добро го знаеше тоа), имаше велам, нешто нечовечко, нешто политичко, оти не можеш никому, со никакви, освен со средства на моќ да му забраниш да ти дава!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа ќе рече дека ниедна песна и никогаш исцело не е завршена и дека постојано има место во неа за понов и поинаков пристап.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)