ниеден (прид.) - жена (имн.)

Па тоа ниедна жена ни самата не го знае.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Ех“, му рече Јосе, „ако имаше таква кожурка - ниедна жена не ќе го изневереше својот маж и ниеден маж својата жена“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И навистина: Луција од мене бараше да бидам циркузант не затоа што таа, туку нејзината Партија го сакаше тоа; Ина бараше од мене да бидам кловн (со видлива дарба за еквилибристика) не затоа што тоа ќе ѝ донесеше поени во циркусот, туку затоа што таа уживаше во моите глупости; се смееше како никогаш ниедна жена на светот; се смееше како што Луција, мојата Луција никогаш не се смеела, не се смее, и ниту не ќе се смее, иако според својата судбина требала да се смее, што не би можело да се рече за судбината на Ина; и јас реков: „Со задоволство, Ина. Со задоволство ќе го сторам тоа.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама ниедна жена без каленица вино не дојде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Си биле тројца браќа, кои се зафатиле да изградат кула од којашто ќе ги следат турските зулумќари.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Каде ли го чув тоа за поетот кој не можел да сака ниедна жена затоа што во некое друго време ја сретнал Антигона? Тоа ми се допаѓа...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)