ниеден (прид.) - време (имн.)

Низ прозорецот се слушаше налутен глас: тоа дедо Коле пак викаше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Почекајте! Веднаш слегувам!“ викнав. Брзаница се облекував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Божем од нас никогаш нема спокојство; сме се развикале во ниедно време; сме биле зинати усти -како раскракани чавки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Минуваа крај баба Севда, ја поздравуваа и ја прашуваа што прави тука во ова ниедно време, ѝ велеа да си оди дома, ама поминуваа и заминуваа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како ноќе во ниедно време заедно со моите другари ги изнесуваме мртвите од бараките и коњушниците и во мракот ги закопуваме во плитките гробови...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во ниедно време се потегнав да го барам меѓу тараби, црно-бело е со големи, уплашени очи, и кога му се приближувам бега.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Ако се иселило порано, зошто морало да го напушти новиот стан и зошто во ниедно време, пред зори, кога Банката уште горела а војската можела да пука во сè што било сомнително без предупредување, директорот го преселил семејството во француската болница којашто била во опасната зона до самата банка.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Неговата земја веќе десет години официјално беше Австралија, а македонски зборуваше само еднаш месечно, по телефон, кога во ниедно време меѓу денот и ноќта, заради разликата во времето, ќе се јавеше да ја праша мајка му како се.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Демек досега желни и полни со ентузијазам за работа, ќе фатат да седат до ниедно време и другиот ден ќе си преспиваат на работното место.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Пред некоја вечер во ниедно време се џарам во мојот прозорец кон светот и на маалската телевизија гледам некој јубилеј, за многу години КУД “Стив Наумов”, така нешто.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Оди да налееш, викам зар може и вода да нема. - Ниедно време е, Јоне, вели, кај се оди сега? 242
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Врати се, приповрати се, и после ај, кај Доксима Тренчески, до ниедно време.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Исто како оние што ги наоѓаат и ги берат на џадето, по ендеците, во бозјакот и бурјанот и на полјанките каде што ги разнесува ветрот. Тие не мрднуваат од место.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во ниедно време човеколиките, со кучешки маски на лицата, влегуваат во шаторите и првите што ќе им паднат на дофат со тупаници ги тераат надвор.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дено го помина о ена корија од д’мбја.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И една ношја ојду јаска по трапо, по трапо и о, ниедно време, како некоја в’лчица, по мрако, втаса о ридо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во зацрвенетите и ненаспани очи на Пандо бликаат солзи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Насамо, кога се разбудувам во ниедно време, си зборувам; камионите кога поминуваат, трчам да го видам, чекам и за мене некој да фрли книга со добри вести за син ми, ете, за мене нема ништо...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- О таја што се води бој, - му реку.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Без збор клекна, подигна раце и остана така молбено и болно и небаре занесена во таа молитва што не исцелува болка, шепоти, моли, сплетува прсти, ги притиснува до градите, се ниша де напред, де настрана...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Реку: - Јаска не разбервам. - Таа ми зборна нашински: - Од де си, сестро? - ме опита.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе му ја врати ли тепсијата? Алергична да не е на ореви?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
До ниедно време така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До ниедно време да шетаме покрај Вардар.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ХЕРЦОГ: Што е работата, господине Клаус? Телефонирате во ниедно време, ништо не објаснувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не можевте да заспиете и се смеевте до ниедно време.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Што не дојде веќе еднаш мајка ми, да ме откачи од оваа досадија, - си велев – отсекогаш била влечка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ама си била некоја! – викна. – Ем доаѓаш во ниедно време, ем се правиш важна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)