нивен (прид.) - секојдневен (прид.)

Тогаш би требало со нивните дејства (actes) во однесувањето во нивниот секојдневен живот да се манифестира благородноста на нивните интимни убедувања што толку длабоко ве обележало.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ниедно движење коешто се повикуваше на јазичен пуризам не успеа да ги истисне турцизмите во текот на вековите од нивната секојдневна жива употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Проектот претставува прв обид врз основа на оригинална архивска документација од Public Record Office и Liddel Hart Centre for Military Archives King`s College London, да се претстави активноста на британските воени мисии во Македонија т.е. во еден континуитет да се следи активноста на планерите на СОЕ во однос на нивната политика спрема Балканот и Македонија и испраќањето на британски воени мисии во Македонија и нивната секојдневна активност со што се дополнува сликата за учеството на македонскиот народ во Втората светска бојна и неговата борба за независна и самостојна македонска држава. __________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Колку што помалку Жилберт&Џорџ го правеа ова, толку повеќе нивното дело добиваше лична артифициелност, отпадок од нивниот секојдневен живот, толку поуверливи тие стануваа, како Живи Скулптури кои пеат, играат...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Внатре во опишаната лична Космогонија во која тие оперираат, еден сет на приватни шеги проширени во јавната арена, Жилберт&Џорџ се отпорни на секаква критика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Билбордите не се пасивни елементи во урбаниот пејзаж; тие активно го мамат окото и имаат тенденција да доминираат со визуелното поле.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За разлика од рекламите во весниците, телевизијата или на радио, каде што секогаш може да ја прескокнете страницата или да го смените каналот, луѓето во текот на нивниот секојдневен живот не можат да избегнат да гледаат билборд реклами поради нивната импозантна големина и поставеност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)