нивен (прид.) - национален (прид.)

Но Македонците на сегашниот степен од нивниот национален развиток не се материјал во рацете на малечките балкански државички, ами се силен етнографско-политички фактор од којшто повеќе зависат судбините на Македонија отколку од малечките балкански државички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие резултати јас ги резимирав во два пункта: Македонија по Востанието е загубена за бугарската народност и Македонците ќе си ги сознаат грешките што беа причина за несреќите од воставањето, ќе се откажат од досегашната насоченост на нивното национално самосознание и ќе им отворат систематска борба на сите национални и верски пропаганди во Македонија, вклучително и на бугарската, за да можат со одделувањето на своите интереси од интересите на пропагандите да го постигнат националното обединување помеѓу себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во какви односи станаа Македонците со нивното национално разбудување кон балканските народности и дали позицијата што ја зазема сега Внатрешната револуционерна организација по прашањето за народноста на Македонците Словени е таква од која не може да се оди понатаму, или пак треба од неа да се направи уште еден чекор и Македонците да се јават приврзаници на националниот сепаратизам со примањето на централното македонско наречје за општ македонски литературен јазик?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Србите се шовинисти; тие се очаени во борбата со своите непријатели за заштита на нивните национални интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој обид за чистење на јазикот од семиотичките траги на Другиот во јазичната супстанција, води кон крвопролевање: Во еден од заклучоците на Татко и Камилски, беше забележано дека во историјата на народите, на балканските посебно, според кои и настана поимот на балканизацијата, по етничките чистења на народите, обично следеле и чистења на јазиците од туѓите заемки, а понекогаш редоследот бил и обратен...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се укажува и на балканското национал- лингвистичко слепило, кое не гледа дека: Балканците, поттикнати од пропагандата на новата Држава, го учат само нивниот национален јазик на училиште, но го игнорираат јазикот на малцинството крај нив и соседните народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Парадоксот овде - или двојната врска - е тоа што, додека моќните го сметаат за универзално она што е всушност нивен национален интерес, земјите кои што биле понижувани од колонијализмот мораат да си ја бранат сопстваената национална историја со цел да си обезбедат место во универзалната култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но исто така голем број од нив се декларирале како Македонци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според тоа од која држава биле нивните патни исправи, така им била определувана и нивната национална припадност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дали румот е нивен национален пијалак?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)