нивен (прид.) - конвенционален (прид.)

Оние што мислат дека им се задира во основите на општественото достоинство или дека дури им се подриваат тие основи, можеби нема добро да го примат тоа неспорно политичко натрапување – особено кога општествените повластици што одат со нивниот конвенционален родов идентитет се веќе толку малобројни, толку раштркани, толку привремени и кога толку лесно се губат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Жените навистина имаат што да загубат во оваа состојба, макар било тоа и нешто за што машката геј-култура смета дека не вреди ни да се задржи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбира, сосема е во согласност со логиката и со имплицитната политика на машките геј-културни практики да се смета дека никому природно и автоматски не му следува право на такво достоинство и дека е нечесно да се бара општествена повластеност на туѓа сметка во свет во кој некои луѓе се дисквалификуваат од сериозна размисла поради нивната општествена обележаност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но има многу луѓе, а некои од нив се жени, кои не го делат тоа мислење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа му овозможило да ги подреди востановените објекти и да ги претстави во еден нивелирачки сеопфатен концепт.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој можел да ги види работите со наивна непристрасност, да ги набљудува објектите како чисти форми, презирајќи го знаењето за нивната конвенционална функција и формално значење. 106 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Претпоставка на најшироко прифатената култура е дека ако Брумел е писател, тој мора да создаде нешто повеќе од тоа да изгледа исклучително необично.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во традицијата на денди провокаторите, било да се работи за Том Вулф или Данунцио, Жилберт&Џорџ ја предизвикуваат примената мудрост и ги брануваат сите лесно поставени претпоставки, како што нивната конвенционална конзервативна пролетерска политика продолжува да го раздразнува либералниот уметнички свет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)