нивен (прид.) - домашен (прид.)

Таа беше заангажирана дома, каде што се хранеа секој ден освен во недела кога одеа на семеен ручек кај неговите и во понеделниците кога обично ручаа самите во некој од подобрите ресторани, зашто нивната домашна помошничка тогаш имаше слободен ден.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На 13 јануари 1948 година, се одржа Првиот конгрес на НОФ, на кој се донесоа решенија македонскиот народ да ги стави на располагање сите свои сили во заедничката борба со грчкиот народ за ослободување на земјата од туѓите окупатори — англоамериканците и нивните домашни органи, за демократија и национална рамноправност, за братство и единство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во нивната домашна музичка колекција ќе ги најдете најновите албуми од Аца Лукас и Сека Алексич, а на полиците за книги најновата книга од Хари Потер купена за своите деца.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)