нивен (прид.) - близок (прид.)

Којшто во секој случај е полезен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кај нив дома не може да влезе никој освен послугата, претседателот Стојан и по некој нивен близок пријател.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Толе, кај одеше, што земаше — секаде плаќаше преку разни бакшиши на децата — награди за извршени услуги и други подароци на посестримки и нивни блиски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сабетај Салтиел во неа, покрај тешкиот замолк на присутните од неговата делегација, го чувствува присуството на цели дваесет генерации покојници, нивни блиски и дамнешни предци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа не плаќаше ништо што земаше. A земаше секој ден по една две овци, леб, мазници, кокошки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)