нивен (прид.) - бел (прид.)

Многумина прават трудољубиви напори во развивањето на свесноста за недоволната развиеност на нивната бела раса, за прв пат откако нивното поранешно постоење како снабдувачи со “универзалните вредности” ги направи ваквите рефлексии одвај потребни, ако не и потенцијално штетни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А таа логика ќе доведе до пасивен отпор на козарите, до нивниот транспорт и до депортирање во градот, до последната станица на нивната бела револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оздола удираа оние бранови на езерото кои се јавуваа во ноќта, шлапкаа долу под куќата и јас на месечината можев да ја распознаам онаа нивна бела пена што брзо исчезнуваше под следниот бран.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Шушка лисјето нивно бело, трепери, како трепетлика роднокрајна, и меѓу тоа шаренило, глас на детски мир и непокор.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Во однос на раскажувањето на масакрот врз козите, со споредбите на епизодите од романите на Рабле и на Волтер, вие ја споделувате мислата на Едгар Морен кој, на презентацијата на Козите во Сенатот, ќе истакне дека во книгата нема свирепи, омразени ликови, како во западните романи, но авторот ја следи основната идеја, козарите да се трансформираат во пролетери и според логиката на настаните ќе дојде до пасивен отпор на козарите, до нивната бела револуција и на крајот ќе следи нивната ликвидација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)