нивен (прид.) - стан (имн.)

Нивниот стан е на четврти спрат од старата зграда во која нема ни лифт.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се пожали газдата се слушале викотници, се пуштала гласна музика, а во нивниот стан кој се наоѓаше веднаш под нашиот, сѐ убаво се слушаше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мене не ми ни падна на памет да ѕвонам на влезната врата од нивниот стан.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Љупчо, сосем логично сакаше да го исфрли на клоци, но на инсистирање на мајка им која без збор го чистеше изметот на Феликс, како што го крстија мачето, тоа остана во нивниот стан цели две недели.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А велеа: „Жената на главниот инженер“. Велеа: „Таа, кога отишол еден ден во нивниот стан“.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Својски и отворено да учествуваш во културни практики што изгледа дека изразуваат трансродов субјективитет или кои се обележани како женствени – било затоа што самиот настран сензибилитет се става на женската страна од традиционалната поделба помеѓу кралиците и трејдовите, било едноставно затоа што обожавањето диви или други женски икони би изгледало дека одразува длабоко идентификување со жените од страна на геј-мажите – е општествено и еротски ризична работа за геј-мажите, без разлика колку се горди и колку се прифатиле себеси. ‌Ете ја сцената од филмот на Норман Рене од 1990 г.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спепелениот израз што му прелетува преку лицето на Фази кога сфаќа што се случило речовито говори колкав гаф направил и колку е длабоко посрамен – иако штом лицето веќе не му е во видокругот на љубовникот, по спепелениот поглед прави резигнирано немарен и пркосен израз на забрането задоволство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фази ја пуштил песната толку гласно што предоцна слуша дека дечко му ја отворил вратата од нивниот стан.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Долгогодишен сопатник (Longtime Companion), каде што дечкото го фаќа обично мажествениот Фази како занесно отвора уста на жизнерадосната женска вокална нумера од Дримгрлс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа се наоѓа на највисокиот кат од зградата во која живеат баба и дедо, веднаш до нивниот стан.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но тој не втрча веднаш во нивниот стан туку долу кај пумпата долго си го плискаше лицето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)