нивен (прид.) - став (имн.)

Во својата информација до Министерството за надворешни работи на Велика Британија го нагласил уверувањето на Јосип Броз Тито со кое на командантите во Македонија “им се дадени нови инструкции да не прават понатамошни референции за Грција или за македонското прашање без да се консултираат со него“ а дека заштитата на југословенските интереси ќе биде поставена по редовен пат на мировна конференција по завршувањето на војната.297 Интересно е што во еден од извештаите се истакнува дека “АСНОМ и ОЗНА отворено истакнуваат дека тие го мразат присуството на сојузничките мисии во Македонија и ќе направат сé за да се ослободат од нив во првата прилика“.298 Имено на 10 декември 1944 година ГШ на НОВ и ПО на Македонија го известил ВШ на НОВ и ПО на Југославија за нивниот став сојузничките воени мисии да ја напуштат Македнија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
71. Во октомври-ноември 1902 год., како претседател на ТМОК и како член-основач на МНЛД во С.Петербург, К.П.Мисирков имаше повеќе средби и разговори со најистакнатите словенофили во руската престолнина и притоа од прва рака ги дознае нивните ставови и спрема руската балканска политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа беше случај и со нивниот став за мојата врска со Филип па и со моето признание дека се заљубив во помлад човек.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сѐ зависи од третманот на родителите и нивниот став кон детската креативност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со самото тоа што никој од роднините на мама не беше стапнал во куќата откако Вера е дојдена, и беше јасно каков е нивниот став кон неа и кон женидбата на татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Многу малку се знаело за нивното идејно определување, за нивниот став кон животот, кон слободата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се предлагало Владата на Неговото Височество да го прифати и да го поддржи ставот со кој со одобрување би било прифатено федерирањето меѓу сите балкански држави, сојузнички и непријателски, и со вклучување по можност на Турција, а никако не би ја прифатиле исклучивата унија или федерација помеѓу Југославија и Бугарија поради фактот што тоа "би ја нарушило рамнотежата на силите меѓу балканските држави", со што Грција би била изолирана и на тој начин загрозена нејзината позиција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од друга страна, експертите на Министерството за надворешни работи не можеле да бидат мирни што во советскиот одговор од 10 јануари 1945 година отсуствувал одговорот на прашањето за нивниот став во врска со активирањето на идејата "во поглед на Голема Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пресудно во однос на промената на нивниот став бил поразот на Франција и евакуацијата на британските сили од Денкерк.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, Министерството побарало од британскиот амбасадор во СССР, Арчибалд Кер, да стапи во контакт со Советската влада и да се информира за советскиот став по тоа прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
ПЕЧАТОТ НА САД ЗА НОБ ВО МАКЕДОНИЈА ВО 1943 ГОДИНА И во 1943 година американскиот печат продолжил да известува за она што се случувало на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
273 На 15 декември 1944 О. Сарџент го запознал британскиот амбасадор во Москва, Кларк Кер, „со нивната намера да се запознае Советскиот Сојуз со нивниот став во однос на македонското прашање“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа нивниот став бил против склучување таков сојуз пред склучувањето мир меѓу Бугарија и Обединетите нации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По ова, САД повеќе не можеле да сметаат на својот изолационизам, бидејќи прашањето на опстанокот на Велика Британија станало и прашање на независноста на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кер изразил сомневање во можноста да се добие искрен одговор од Советите, но бил категоричен тоа да се направи поради фактот што „општата ситуација во Македонија се влошила на таков начин што целосно е на штета на нашата позиција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини, во Форин офис се заклучило со овој нивни став да се запознаат Владите на СССР, САД и Југословенската и Бугарската влада пред последните две да ги искрастилизираат следните свои политички чекори, со што би ги избегнале идните меѓусебни обвинувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)