нивен (прид.) - среќа (имн.)

Како да немав никогаш доволно време да ја разберам нивната среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За нивна среќа Адем дојде рано во муграта, та тавата не беше кладена на оган и куќата „не смрдеше на домус".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Те советував, а ти не ме послуша. И погледни. Види ја нивната среќа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чекореа надолу, одеа кон светот, кон градовите, таму беше нивната среќа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секако, потоа ќе заѕвонеше телефонот или искрснеше некоја итна и неодложна работа, која редовно ме спречуваше во моите намери, но за нивна среќа, а можеби и моја, оти инаку не знам што сѐ можеше да се случи со мојата, веќе до влакно, истенчена толеранција...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А твојот живот е една голема празнина.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чуварот на нивната среќа не работел добро, навреме не го промениле.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Мразев да излегувам надвор, ме нервираа луѓето, нивните насмеани лица, бев љубоморна на нивната среќа, на нивните животи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)