нивен (прид.) - сој (имн.)

Тој беше секогаш променлив и друг. Не беше од нивниот сој.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само што го закопаа него, не помина ни тој ден, почина и стариот Никола, па глава на нивниот сој стана Тодор, најстариот, по Јанчета, од преостанатите пет живи Николови синови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)