нивен (прид.) - развој (имн.)

Основното учење на Хегеловата филозофија е тврдењето дека светот и општеството се во постојан развој и дека тој нивни развој е незадржлив.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
-(3) Што се однесува до класичните уметности, нивниот развој доведе до диспаратна ситуација: од една страна, до појави во кои бојата, формата итн. станаа самостојни носители на смислата, шифри; од друга страна доаѓа до распродажба на наследените форми и содржини.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Оставајќи ја мајката да е поблиска со децата, Гого го следеше нивниот развој и со скриена надеж и со потиснат страв за нивната иднина - свесен сè повеќе дека му бегаат од раце и летаат кон некое свое гнездо, кое веќе не беше негово.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)