нивен (прид.) - радост (имн.)

Но, можеше да биде радосен, можеа да бидат радосни двајцата, а нивната радост беше секогаш таква.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И таа се радуваше на нивната радост Времето си врвеше по зимата — пролет; по пролетта — лето, есен и пак зима.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа беше нивната радост, нивната забава, нивниот анодин, нивниот духовен стимул.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Верувај, миличок, и сега сосема јасно ја чувствувам нивната радост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За миг затворам очи и во мене се преселуваат тие празнувања со сѐ луѓе и целата нивна радост.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дечињата беа пресреќни. Нивната радост се излеваше преку гласната смеа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Не сакаме издувни отровни гасови!!! - мама Злата го здогледува Влатко, и Филип, Иван и Ивана, и Жарко, и Мирко... нејзината насмевка се здружи со нивната радост - која брзаше накај музиката и песната - Децата сакаат цвеќе, децата сакаат мир! ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)