нивен (прид.) - потрага (имн.)

Татко и Климент Камилски долго време размислуваа по читањето и заедничкото коментирање на книгата Бувар и Пекуше, пред да започнат со нивната потрага по опасните османизми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На мигови опфатен од чувство на дефетизам, кое беше мошне често кај балканските интелектуалци, формирани на Запад или Исток, сакаше да му каже на Татко јасно и гласно дека и нивната потрага по опасните османизми можеби ја губи основната смисла кога остануваат нерасчистени фундаменталните прашања за потеклото и врските помеѓу јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога се оддалечив од животот од големите Палестинци и повеќе никогаш не можев да им се доближам, како никогаш и да не семе се познавале, остануваше мојата приврзаност на нивната потрага по мирот, по враќањето од егзил во родната земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев дел на една дипломатска мисија, во едно значајно време, на значајна земја, чија улога се маргинализираше, паѓаше во заборав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
LV Ориентализмот душманлак беше повод помеѓу Татко и Климент Камилски да се разгори нова дебата, нивната потрага да добие нов тек, односно да се врати на почетната замисла да се трага само по заемките со, наводно, опасна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски имаше извршено и свои истражувања за душманлакот, зборот со далечно персиско потекло, којшто минувајќи во Отоманската Османската Империја, кај различни народи добиваше и различни значења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беа свесни дека нема никогаш да ги опфатат во нивната потрага сите османскотурски заемки, но до некаков компромис мораше да се дојде, ако не денес утре, задутре.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но стануваше јасно дека со текот на времето Татко и Камилски ги напуштаа лингвистичките амбиции, па се префрлија на филозофското толкување на најкарактеристичните зборови, откривајќи ги во нив кодовите на заедничката меморија на балканските народи...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)