нивен (прид.) - потомок (имн.)

Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нѐ гуши пет века…”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тој дури и мисијата за опстанатите османизми во балканските јазици со својот пријател Климент Камилски ја сметаше за скромен прилог во новата балканска свест, која требаше и на тој начин да им се пренесе на новите генерации, на нивните потомци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според посакуваната судбина од мајка си, синот да му биде ветен во искачувањето и останувањето во цариградските висини на власта, Татко по завршените студии и поддршката на својот вујко во Цариград, ќе го продолжи животот во некаква балканска одисеја со семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Од онаму слегуваа шефовите на државите, а тука каде што сме ние сега, беа нашите останати поканети, преживеани логораши, нивни потомци, претставници на еврејските заедници од Америка и речиси од сите европски држави, нивните семејства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)