нивен (прид.) - око (имн.)

Зар не му мислат Србите оти со успехот на востанието, ако се праша: на кој јазик ќе треба да зборува судијата, да речеме, во Тетово? – автономната влада што ќе биде од „мнозинството“ ќе одговори: на бугарскиот: истото ќе го одговорат и месните жители, зашто во нивните очи Бугарите, а не Србите излегоа херои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа стравот потона во тапа поразеност, оти ста­риот, голем, забревтан и див свет се менуваше пред нивни очи не чекајќи да го сфатат и објаснат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Изгледав ненормална во нивни очи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, и признавам, не беше баш во ред што го кријам неговото постоење од нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имаше многу омраза во нивните очи. Не се оние Шиптари што ги знам од Албанија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој сепак пред нивни очи поцрнувал и додека ја заборавиле неговата последна молитва и предупредувањето дека на мажите од Кукулино им дошол крајот, ги извртел очите и се вкочанил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето не му верувале. Се веднеле над него и го тешеле: кога ќе преспие, ќе биде поздрав и од мајски дрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред нивни очи еден Велигден на сретсело во Новаци бегот беше го спружил еден од своите чифчии и двајца од сејмените со ќаата му броеја по дваесет и пет по голо месо што им проговорил на чифчиите да не одат барем тој ден на пченка садење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)